Информации за испорака

За сите нарачки испораката е бесплатна за цела Македонија.

Вообичаен рок за испорака е 3 дена.
Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 8 до 16 часот. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата која е оставена за достава. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака.

Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.

При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за превземањето.

За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број 078 289 971 или преку email info@hippo.mk.

HIPPO.MK © 2024.